Преглед на вестите од светот
Обвинителите, со помош на надлежните полициски органи да интервенираат во случаите кога се вршат кривични дела што се гонат по службена должност, побарал обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас, во наредбата испратена до обвинителите во целата земја доколку со земјоделските блокади се нарушува безбедноста во сообраќајот.
Во продолжение додава дека сличен феномен е и нарушувањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, со оглед на тоа што земјоделците вчера затворија два аеродроми на островот Крит.
Во наредбата на обвинителот се потсетува дека прекршоците поврзани со попречување на транспортот се гонат по службена должност, бидејќи непреченото функционирање на транспортната инфраструктура е општествено добро.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски при средбата со италинанската премиерката Џорџа Мелони на социјалните мрежи изјави дека неговата земја и Европа наскоро ќе бидат подготвени да им презентираат на САД „преработени документи“ за мировен план. Планот вклучува рамковен мировен договор, безбедносни гаранции и реконструкција на земјата.
Киев е под притисок од Белата куќа да обезбеди брз мир, но се спротивставува на планот поддржан од САД предложен минатиот месец, кој се смета за поволен за Москва. Украинските власти, исто така, бараат силни безбедносни гаранции од партнерите, во случај на договор, за да се спречи Русија повторно да нападне во иднина.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини европските лидери за неактивност. Тој повтори дека инвазијата на Украина никогаш немаше да се случи ако тој беше претседател на САД во 2022 година кога започна инвазијата, тврдејќи дека Киев изгубил „многу стратешка територија“. Американскиот претседател додаде дека Украина можеби ќе мора да прифати компромис. Според него, Зеленски треба да одржи претседателски избори.
Најмалку две лица загинаа, а четворица беа повредени кога поплавите го зафатија округот Чамчамал во регионот на Ирак Курдистан. Силните дождови предизвикаа широко распространети поплави кои ги поплавија улиците и оштетија домовите во покраината Сулејманија, каде што властите соопштија дека две деца се пријавени како исчезнати.
Штетата предизвикана од поплавите во северозападната заедница Фол Сити, во државата Вашингтон е сериозна ова особено откако реките поплавија дел од регионот. Најголеми проблеми настанаа со излевањето на реката Сноквалми која поплави домови и патишта. Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување, во кое се наведува: „реката ќе предизвика големи поплави, а погоедни ќе бидат поголемиот дел од земјоделското земјиште во поплавната рамнина, некои станбени области и многу патишта“.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
