Преглед на вестите од светот
Пакистан е во отворена војна со Авганистан објави пакистанскиот министер за одбрана на Х, откако пакистанските сили почнаа воздушни напади врз клучни стратешки цели во Авганистан. Експлизииз одекана во гланвиот град Кабул, Кандахар и Пактија. Иако Исламабад тврди дека целите биле исклучиво воени објекти, авганистанската талибанска влада известува за погодени станбени области. Бомбардирањата од Пакистан почнаа брзо откако авганистинаската војска синока изврши одмазднички удари и зазеде десетина гранични пунктови, како одговор на неодамнешните пакистански напади во кои загинаа најмалку 18 лица.
- Драги сонародници, како одговор на неодамнешните воздушни напади извршени од пакистанските сили во Нангархар и Пактија, вечерва околу 20:00 часот започнаа тешки напади од провинциите Нангархар и Кунар ( насочени кон пакистанските војници). Молете се за нас, зијави Вахидула Мокахемд, портпарол на авганистаската источна воена команда.
Кабул тврди дека елиминирал 55 пакистански војници и заробил воена опрема. Исламабад известува за над 130 убиени авганистански борци и погодени 74 воени цели Иран понуди да посредува, Кина повика на дијалог, додека министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Турција повикаа на прекин на непријателствата во телефонски разговори со нивниот пакистански колега. Односите меѓу Кабул и Исламабад се затегнати поради долготрајниот спор околу обвинувањата на Пакистан дека Авганистан засолнува милитанти кои вршат напади преку границата. Талибанците го негираа обвинението и рекоа дека безбедноста на Пакистан е внатрешен проблем.,
Нуклеарните разговори помегу САД и Иран во Женева завршија без договор, но со значаен напредок, оцени шефот на оманската дипломатија, Бадр Ал Бусауду, кој посредува помегу двете страни. Тој најави нови разговори в понеделник во седиштето на Мегународната агенција за атомска енергија во Виена. Иранската делегација ја предводеше министерот за надворешни работи Абас Аракчи, кој оцени дека разговорите биле „меѓу најсериозните“ досега.
„Во текот на овие неколку долги и многу интензивни часови, постигнавме добар напредок и многу сериозно навлеговме во елементите на можен договор, како во нуклеарната област, така и во областа на санкциите. За некои прашања, сега сме многу блиску до разбирање; за одредени други прашања, сè уште имаме разлики во мислењата,изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
Од американска страна нема официјално соопштение.
САД веруваат дека Иран се стреми кон развој на нуклеарно оружје и бараат целосно запирање на процесот на збогатување ураниум, кој може да се користи и за цивилни, но и за воени цели. Иран постојано негира дека развива бомба и тврди дека неговата програма е мирнодопска.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
