Продажбата во маркетите во северна Италија се зголеми за 73 проценти
Продажбата во големите трговски синџири во северна Италија во неделата се зголеми за 73 проценти во споредба со истиот датум минатата година, бидејќи граѓаните почнаа да купуваат резерви на основни намирници, по информациите за ширењето на новиот коронавирус во земјата, соопшти денеска институтот Нилсен.
Италијанските власти во неделата ги изолираа најтешко погодените области во Ломбардија и Венето во северниот дел на земјата и ги откажаа спортските настани, а ги затворија и училиштата и универзитетите.
Во Ломбардија, продажбата во големите трговски синџири во неделата се зголеми за 87 проценти, соопшти институтот Нилсен.
Покрај храната од рафтовите, вклучително и ориз, тестенини и сосови за тестенини, најбарани биле производите за лична нега и парафармацевтските производи.
– Според нашите податоци, може да се заклучи дека постои загриженост поради можен карантин, рече директорот на Нилсен, Ромоло де Камилис.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг