Продолжува доделувањето на субвенции за чистење на оџаците во Скопје
Градските власти информираат дека продолжува акцијата за доделување субвенции за чистење на оџаците за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
И годинава е објавен јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење на оџаци за 2020 година. Предвидени се субвенции во нето износ најмногу до 1.200 денари.
До овој момент, како што информираат од Градот, пристигнати се 34 барања за субвенции, а со јавниот повик ќе бидат опфатени исчистените оџаци од 1 јануари 2020 година. Повикот трае до 30 ноември 2020 година.
Повеќе информации за јавниот повик граѓаните можат да добијат на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/media/
-Целта на овој проект што Град Скопје го реализира континурано е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците, соопшти Град Скопје.
Мерката, како што се наведува во соопштение, има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.
Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи