-->
-->
Пронајдено удавено лице во Црна Река кај кавадаречкото село Шивец
-->
Денеска околу 11,30 по телефон во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Црна Река кај село Шивец, Кавадарци, било пронајдено удавено лице кое било во близина на брегот. МВР попладнево ја потврди оваа информација за МИА.
– Излезено е на лице место и узвршен е увид од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци, јавен обвинител и доктор од ЈЗУ Општа болница. Притоа е утврдено дека се работи за лицето Г.М. од село Шивец, родено 1946 година. Од увидот на телото од давеникот, не се пронајдени траги на насилство, рекоа од МВР за МИА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден