Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
Дел од амбасадорите и стратешките партнери кои се донатори во земјава, ги слушнаа проекциите на македонската влада за развој на државата во следните 20 години. На донаторската конференција која е и прв состанок на Управниот одбор на Националниот совет за развој, премиерот Мицкоски побара поддршка и ги повика на заедничко креирање на проекти за поголеми резултати.
Стратегијата која е донесена со политички консензус и по консултации со експертите, се заснова на неколку приоритети – стабилна економија, даночни реформи, енергетска независност, унапредено образование, но и темелни реформи во борбата со корупцијата.
Собранието во октомври даде зелено светло и со 70 гласа ја изгласа националната развојна стратегија за следните 20 години. Со ова Македонија за прв пат добива стратегија за развој на клучните сектори за толку долг период.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар