Пукање и напад со нож во Батинци – еден мртов, тројца повредени, убиецот во бегство
29-годишен маж починал од повреди со нож, а три лица се потешко повредени во напад во угостителски објект во с.Батинци. Сторителот е во бегство и по него се трага. Како што стои во соопштението од МВР:
„На 04.07.2020 околу 21,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Ш.П.(29) од с.Батинци, скопско, со повреди од нож, кој за кратко време починал.
Во меѓувреме донесен бил и Н.С.(28) од с.Батинци исто така со повреди, а со возило од итна медицинска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ пренесени се М.С.(39) од с.Батинци кој бил повреден од огнено оружје, и И.Г.(25) од с.Батинци кој бил повреден со нож.
Според првични информации, во двор на угостителски објект во с.Батинци, сопственост на Р.Џ.(27) од село Црн Врв најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож.
Постои основано сомнение дека можен сторител е Н.З. од с.Батинци кој е во бегство и по кого се трага.
На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи