Рама наведе три работи поради кои бара трет мандат од граѓаните
Албанскиот премиер Еди Рама објави видеозапис каде ги објаснува причините зошто е потребно граѓаните да и го дадат третиот мандат на неговата Социјалистичка партија.
Рама вели дека Албанија мора да оди до „зацртната точка за да не се врати назад, затоа и треба трет мандат“.
При тоа тоа наведе три причини за ова, а тоа се конечно да се елиминира Ковид-19 од животот на Албанците, да ги врати во нивните домови сите оние кои ги изгубија во катастрофалниот земјотрес од 26 ноември 2019 година и да ја направи правдата неприкосновена.
-Албанија дефинитивно мора да оди до точка за да не се врати назад, а за да отиде до таа точка и треба трет мандат. Во третиот мандат има многу работи кои треба да се заокружат. Потребен ни е третиот мандат, конечно да го отстраниме невидливиот непријател од нашите животи, да ги вратиме дома сите семејства погодени од земјотресот, да се зајакне правдата и да стане непобедлива, вели Рама.
Социјалистичката партија на парламентарните избори, на 25 април, настапува самостојно но во кандидатските листи има претставници на партиите на малцинските заедници, меѓу кои и Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција. Тој е на листата за Изборна единица Корча, каде го доби и првиот пратенички мандат.
Партијата настапува под мотото „Албанија наша иднина“- нема време за одмор и е на 12 место на гласачкото ливче.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа