-->
-->
Русија потврди дека на Сирија и испорачала нови авиони „МиГ -29“
-->
Руската амбасада во Сирија потврди дека на ова арапска земја и испорача борбени авиони „МиГ-29“.
„Сириската редовна армија ја доби втората серија на руски авиони „МиГ-29“, како дел од одбрамбената соработка на нашите народи. Сирија веќе почна да ги користи овие авиони во своите мисии“, соопшти амбасадата на Твитер, пренесе Тасс.
Сириската новинска агенција САНА на 30 мај јави за испораката, повикувајќи се на воени извори.
Според агенцијата, примопредавањето се случило во руската воздушна база Хмејмим, а подоцна авионите биле распоредени на различни аеродроми.
Од 1 јуни руските авиони учествуваат во сириските воздушни операции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце