Македонија
12. December 2025 - 18:55

Се подготвува извештајот до УНЕСКО

Во средини во кои се евидентни климатските промени ,деградацијата на просторот и притисокот од масовниот туризам неопходно е да се  применат интегрирани методологии со научни знаења, практики и современи технологии за заштита на културното наследство истакна министерот за култура и туризам Љутков на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ.  

Директорката на Регионалното биро за наука и култура во Европа на УНЕСКО,  Ландри ја поздрави заштитата и промоцијата на културното наследство преку националните политики за развој.

Министерот Љутков најави дека има напредок и се подготвува   извештајот кој треба да се презентира до 1 февруари 2026 година до Унеско.

На министерскиот состанок во Охрид беше усвоена и Декларацијата „Одржливи културни модели за иднината“.