Македонија
12. December 2025 - 16:49

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино

Ја киднапирал од дома, ја убил па ја закопал. 53-годишна жена од селото Равен била пријавена за исчезната два дена пред да се открие убиството. 

Осомничениот ја застрелал со пиштол и ја возел сѐ до атарот на своето родно село Неготино каде ја закопал во дупка покрај реката Маздрача. Полицијата го лоцирала местото по сигналот од мобилниот телефон на жртвата откако сопругата на осомничениот признала дека тој го извршил убиството.

„Јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од лице место. Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки“, велат од ОЈО.

Случајот го пријавува синот на жртвата кој во полицијата јавил дека неговата мајка на 9 декември се оддалечила од својот дом и не одговара на повиците

На полицијата ѝ доставил и снимки од надзорна камера на кои се гледало дека неговата мајка влегува во возило фиат. Од снимките се гледало и дека ден претходно осомничениот убиец влегол во семејниот дом на жртвата пребарувал и украл пари.

Мештаните беа вознемирени од случајот. Малкумина го познаваат бидејќи тој одамна заминал да живее во Италија. 

Мотивите за убиството се уште не се познати.