Македонија
1. April 2026 - 8:04

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Делиме иста визија за полоноправно членство во ЕУ

Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и би рекол како брат во братска држава, со ваква оценка за билатералните односи  цргорскиот претседател Јаков Милатовиќ ја стартува официјалната посета на Македонија. Црна Гора останува силен поддржувач на македонските интеграции, но порача дека нивната цел за полноправно членство до 2028 иако амбициозна е остварлива. 

Македонската претседателка на иста линија дека заедничка визија е стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ. Повика да се почитуваат копенхагенските критериуми во преговорите за членство на балканските земји .

Милатовиќ се сретна и со собранискиот спикер Гаши , а се обрати и пред пратениците во македонското собрание. Во говорот потсети на историските моменти кои ги поврзуваат двете држави и порача дека визијата на Црна гора за интеграција не е целосна без Македонија. 

Двете држави се согласни дека економската соработка треба да се интензивира, но и да се размислува за повторно отворање на авиолинија Скопје - Подгорица или Скопје - Тиват. Потпишан беше и меморандум за соработка меѓу младинските совети на двете држави.

Претседателот Милатовиќ се поклони и пред гробот на македонскиот великан Гоце Делчев, а посетата ја завршува утре со предавање пред студентите на правниот факултет.