Македонија
15. October 2024 - 16:41

Скопјани меѓу нејнезадоволните од јавниот превоз во Европа

Скопје меѓу европските метрополи со најлош јавен превоз, пишува Еуроњуз. Од 35  градови во Европа , понезадоволни од скопјани се граѓаните на Рим, Тирана Подгорица, Белград и Никозија. Во анализата – Кој е најдобриот и најлошиот град во Европа, 47% од жителите во Скопје се изјасниле дека се задоволни. Во оценката влијаат достапноста, брзината, безбедноста и довербата во јавниот превоз.. Сепак, освен  автобуски , опции за друг јавен превоз, во Скопје нема. Граѓаните се револтирани – поради честите доцнења не можат на време да стигнат на работа, лекар или школо.

“Автобусите се стари и дотраени , но и по 23 ти пат, иако вети Мицкоски не дозволи неговите советници да гласаат за нови еко автобуси и покрај неопходното обновување на возниот парк,  вели градоначалничката на Скопје Арсовска.   ВМРО ДПМНЕ како мнозинство во Советот веќе 3 години не прифаќа предлози за набавка на автобуси, ниту пак предлагаат решение.  Приватните превозници до претседателот на Советот , Славевски доставиле и барање за зголемување на цената, која тој не ја ставал на дневен ред, па затоа се револтирани и возат со редуциран капацитет, додава  Арсовска.

За лошиот превоз од СДСМ ги обвинија ВМРО ДПМНЕ и Арсовска..

Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што директно ги погодува жителите на Скопје.  

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно не гласаа за набавка на нови автобуси, Владата не презема ништо, само зардаи тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска, велат во писисменото соопштение од опозицијата.

Инаку, истражувањето на  Еуроњуз покажува  дека најзадоволни од јавниот превоз се граѓаните на Виена –, по што следат Хелсинки и Осло.