Социјалните мрежи наскоро би можеле да бидат забранети
Европската унија подготовува нов закон со кој во цела Европа би можело да биде забрането користење на социјалните мрежи од страна на лица помлади од 16 години.
Со Предлог-закон се предвидува минималната возрасна граница за користење на социјалните мрежи, како Фејсбук, Снапчат и Инстаграм, но и на електронска пошта да се зголеми од досегашните 13 на 16 години, пишува „Хафингтон Пост“.
Ако предлогот биде усвоен, илјадници европски тинејџери за секое пристапување до социјалните мрежи, симнување апликациим па дури и користење на одделни веб пребарувачи, ќе треба да добијат дозвола од своите родители.
Ваквиот закон би можел да предизвика многу главоболи и за надлежните во Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Снапчат и Гугл, затоа што голем број од нивните корисниците се токму младите, кои само што навлегле во тинејџерските години.
- Подигнување на минималната возраст за користење на социјалните мрежи само ќе ги наведи младите да лажат за нивната возраст. Децата постари од 13 години веќе се навикнати да се служат со интернет на одреден начин, а поради ваквата ненадејна промена на правилата само ќе почнат да лажат, наместо да ги прашаат родителите за дозвола, предупредуваат противниците на законот.
Реакциите на младите на социјалните мрежи, очекувано, се уште полоши.
- Ова се еден куп глупости: Тоа нема да ги заштити тинејџерите, туку ќе ги замолчи, не е во ред, се само некои од коментарите.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно