Тачи: Почна европската епоха на Република Косово
Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи изјави дека ратификацијата на Спогодбата за стабилизција и асоцијација од страна на Европскиот парламент претставува нов период за најмладата европска држава.
- Европскиот парламент со мнозинство гласови ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Косово. Тоа е историски миг и прв формален договор помеѓу Косово и ЕУ. Ова е прв чекор на долгиот пат кој нашите деца ќе ги однесе во европското семејство. Војуваме за слобода, извојувавме и независност и денес го почнавме и новиот европски приод на Република Косово. Бог да го благослови европско Косово, напиша Тачи на неговиот профил на фејсбук.
Претходно косовската претседателка Атифете Јахјага оцени дека ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоциација, меѓу Косово и ЕУ, претставува значаен сигнал за зачленувањето на нејзината земја во ЕУ.
Според неа, ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоциација од страна на ЕП создава силна институционална и законска база меѓу Косово и ЕУ.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор