-->
-->
Трагедија: Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес
-->
Триесетгодишен маж денеска околу 10:20 часот се фрлил од зграда на улицата „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес.
Веднаш била повикана Брза помош. По укажаната прва помош повредниот кој се уште бил жив и свесен е однесен во Хирушкото одделение во велешката болница.
Од Брза помош за МИА информираа дека лицето имало повреди по целото тело и на главата, но бил свесен и со витални функции.
Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска изјави дека екипа на велешката полиција излегла на лице место за да утврди дали лицето само скокнало или било насилно фрлено, односно за тоа како дошло до немилиот настан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК бара одговорност од Габер, директорката на АСЈО тврди по одлуката на судот запрен е процесот на тестирање
-
Во ОКТА отворен центар за обука од областа на противпожарната заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети
-
Оскар на хуманост од Црвениот Крст за Сител Телевизија
-
Врнежите од дожд не се добредојдени за пчеларството во Македонија
-
Преглед на вести од светот