-->
-->
Уапсени пет тетовци кои во август ограбија стан, кај двајца од нив пронајдена дрога и оружје
-->
Вчера во периодот од 11.00 до 14.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) и 17-годишник, сите од Тетово, поради основи на сомнение дека на 09.08.2020 извршиле разбојништво во стан на ул.„Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка, соопштуваат од МВР.
Вчера, исто така, од 16.50 до 19.20 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци.
Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје