Македонија
18. December 2025 - 16:27
Унапредена дигитална алатка ќе ја следи примената на Стратегијата за реформи во јавната администрација
Преку унапредена дигитална алатка државата ќе ја следи примената на Стратегијата за реформи во јавната администрација.
Со ваквата алатка ќе се подобри квалитетот на услугите за граѓаните, ќе се намалат бирократските процедури, но ќе се воведат и иновации во работата на јавната администрација, објаснува ресорниот министер Минчев.
Главаната придобивка е транспарентноста на институциите, но спроведувањето на реформите во јавната администрација е клучно во целиот процес и на дигитализација.
Алатката ќе воспостави и организација на институциите во еден систем со кој ќе се следи кој колку реформи спроведува. Стратегијата е услогласена со европските принципи за добро управување и дигитална трансформација.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
