ВМРО-ДПМНЕ: Капитулантскиот договор на Заев нема да донесе подобар живот, државата повеќе ќе тоне поради неспособната влада, а срамниот геноцид ќе се памети
Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја донесоа Република Македонија во потчинета положба. Капитулантскиот договор кој го потпиша Заев е понижувачки за целата држава. Правата вистина е дека иденитетот не е зачуван. Зоран Заев го брише терминот Македонија. Грчкиот премиер Ципрас соопшти дека договорот не признава постоење на македонска националност, а Заев не негираше, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека овој договор спроведува модерен геноцид.
-Заев го ограничува јазикот и иднентитот, што е во спротивност со меѓународните конвенции. Заев ги понижи институциите, и го погази Уставот, законите и процедурите. Ратификацијата на договорот во Собранието без дискусија во Комисијата за надворешни работи е во спротивност со процедурите и претставува злоупотреба на европското знаменце. Заев вчера призна дека договорот предвидува промена на личните карти, пасошите, смена на сите институции што го содржат зборот Македонија. Капитулантскиот договор на Заев нема да донесе подобар живот, државата повеќе ќе тоне поради неспособната влада, а срамниот геноцид ќе се памети, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Заев свесно ја лажеше јавноста.
-Договорот кој го потпиша Заев за Република Македонија создава само обврски. Република Македонија е оштетена страна. За картелот на власт не важат законите ниту Уставот. Затоа Зоран Заев мора да падне за да Македонија победи, посочуваат од партијата.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори