ВМРО-ДПМНЕ: Тешко на СЈО штом дојдоа до степен да зависат од СДСМ да ги брани
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
Катица Јанева веројатно е свесна дека непрофесионалното, селективно и незаконско работење резултираше со очаен рејтинг и огромна осуда од граѓаните. Расфрлањето на пари од граѓаните по разни наводни експерти за да не се симнуваат од екраните образложувајќи ја неукоста, пропустите и партиското постапување како врв на правото дадоа спротивен ефект.
Дамката за непрофесионалноста на СЈО остана, а се отвори нова афера за нетранспарентно расфрлање со парите на граѓаните и исплати кон таканаречени експерти чии имиња се кријат.
За неполна година, со буџет од 4 милиони евра, СЈО дотурка до таму да мора да се потпира на одбраната од Зоран Заев и СДСМ.
Зоран Заев е единствениот политичар аболиран за криминал тежок 8 милиони евра. Заев е политичар кој изјавуваше дека за него не постои суд во Република Македонија и нема намера да одговара на судските повици. СДСМ е единствената партија водена од лице кое е спасено од одговорност за криминал од 8 милиони евра.
Затоа СДСМ се спротиставува на борбата против корупцијата и криминалот во високото образование и ги осудува институциите. Затоа СДСМ препознава свој партнер во начинот на кој што работи СЈО на чело со Катица Јанева.
Никој не е зачуден од ваквиот настап на СДСМ бидејќи треба време да се подмират долговите за ослободувањето на Верушевски и останатите од притвор, обвинети за незаконското прислушување.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“