Во Битола одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола со пригодна манифестација го одбележа претстојниот 21 февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик, прогласен од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).
Како што е познато, во 2000 година, 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам и според статистичките податоци, во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот, потсетија од НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.
Фатма Бајрам Аземовска од НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола истакна дека одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е под мотото „Година на книгата, книга за секое дете“.
- Во библиотеката поставивме тематска изложба на книги на македонски, турски, албански, ромски, српски, хрватски, бошњачки јазик и други јазици. Годинава го промовираме и проектот „Година на книгата, книга за секое дете“, кој има за цел масовно бесплатно зачленување на децата кои посетуваат предучилишни установи и центри за ран детски развој, поголема популаризација и промоција на читањето книги кои се достапни за сите деца со цел правилен интелектуален развој и полесно поаѓање во прво одделение, рече Аземовска.
Во првата фаза од проектот „Година на книгата, книга за секое дете“ ќе бидат вклучени дечиња од градинките „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски цвет“ – Битола.
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали