-->
-->
Во камион во Грција откриени над десет тони шверцуван тутун
-->
Во камион со странски регистарски таблици, спакувани во 93 кутии, биле откриени десет тони и 600 килограми шверцуван тутун, а уапсен е возачот 41-годишен грчки државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, по добиените информации, камионот бил запрен на автопат во близина на грчкиот град Халкида и при проверката бил откриен тутунот.
Околу 2,3 милиони евра е износот од избегнатите давачки за шверцуваниот тутун, а проценките се дека од запленетото количество би можеле да се произведат 17 милиони шверцувани цигари.
Тутунот бил запленет и царинската служба ќе ја пресмета точната сума на избегнатите давачки и даноци, а уапсениот возач ќе биде изнесен пред јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце