Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
„Сејф сити“ му отвори дополнителна работа на судот кој ќе треба да утврдува кој седел зад воланот при сторен прекршок. Од вкупно 476 приговори по добиени прекршочни налози, 431 се од поднесени од фирми.
Како најзначајни предизвици во тековниот период се издвојуваат приговорите поднесени од правни лица- лизинг компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг.
Со оглед дека голем број од учесниците во сообраќајот управуваат службени возила или изнајмени автомобили, судските фиоки брзо ќе се преполнат. Ако се земе предвид дека казните за правни лица се и повисоки во зависност од видот на прекршокот, фирмите ќе претрпат големи штети доколку не се уважат приговорите.
Голем број приговори се и од граѓани кои при продажба не ги одјавиле возилата во МВР па казната за туѓа грешка завршила на нивна адреса. Од почетокот на месецот до вторникот регистрирани се околу 15 000 прекршоци што значи дека 3,2 отсто од возачите сметале дека нивните казни се неосновани.
Од Кривичен велат сите овие приговори се доставени во МВР од каде ќе треба да се произнесат во рок од 8 дена, што претставува неопходен услов за понатамошно постапување. 16 судии ќе ги разгледуваат доказите дали се сторени прекршоците за кои добиле казни возачите.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
