Во Прилеп се потрошија 250 брзи тестови за Ковид-19, добиени се 650 нови
На пунктот во Здравствениот дом во Прилеп за шест дена се потрошија 250 брзи тестови. а штотуку стигна нова пратка од Министерството за здравство, но и 400 брзи тестови како донација што треба да ја подобри ситуацијата во справувањето со корона- кризата.
Според доктор Оливера Аџиоска, директор на Здравствениот дом во Прилеп , 250-те брзи тестови даваат резултат за 20-тина минути. Во првата потрошена пратка, половината беа позитивни.
– Дневно се трошат 40-тина брзи тестови. Првата пратка од 250 брзи тестови се потроши за шест дена и според резултатите, околу половината покажаа позитивни резултати. На наше барање поради тешката ковид-ситуација, Министерството за здравство ни излезе во пресрет со нова пратка од 250 брзи тестови, а во меѓувреме добивме донација од 400 исти тестови од прехранбената индустрија „Витаминка“. На располагање, значи се нови 650 брзи тестови, што во оваа ситуација е солидно за да се справиме со ситуацијата. Многу ќе помогне за детектирање на позитивните лица и брзо воспоставување терапија за нивно лекување. И закажувањето и упатството за нивното лекување е на матичните лекари. Од новопристигнатите веќе вчера се потрошија 50 брзи тестови, објасни д-р Аџиеска.
Што се однесува до бесплатната вакцина против сезонскиот грип, од 690-те дози, досега се потрошени 500. Има само за наредната недела, а сѐ уште нема најави за нови. Инаку, тешко се стигнува до закажување термин за вакцинација, интересот е голем и според матичните лекари, малку се 690 дози вакцини против сезонскиот грип.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека комерцијалните вакцини кои ќе чинат 800 денари, треба да пристигнат во текот на првата недела на декември. За Прилеп има 800 комерцијални вакцини против сезонскиот грип.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи