Вучиќ по средбата со Могерини: Подготвени сме за дијалог кога ќе се укинат таксите
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Берлин се сретна со високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, на која и кажа дека Белград е подготвен да го продолжи дијалогот со Приштина, веднаш штом ќе се укинат таксите.
Вучиќ наведе дека Србија сака да се зачува мирот и стабилноста, но, исто така, изрази сомневање дека на денешната средба во Берлин, нешто ќе се реши.
– И реков на Могерини дека ме гледа најнасмеан досега, затоа што ја притиснавте Србија во ќош, не доведовте во позиција од која немаме излез и ние сега треба да се браниме и да ја штитиме земјата и немаме што друго, истакна Вучиќ по средбата со Могерини.
Тој додаде дека Србија е против идејата за прекројување на границите, но и дека разграничувањето го предложил како тема, бидејќи треба да се разговара за решенија.
– Затоа во еден момент говорев за идејата за разграничување, бидејќи имате едни граници кои се признати од страна на Шпанците, други од Италијанците, едни од Русите, други од Германците, едни од Англичаните, трети од Кинезите. Различни се тоа работи и до решение мора да се дојде преку компромис, посочи Вучиќ.
Ново на Сител
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа