Loading Video...
Кошарка
4. May 2021 - 15:50

Започна разврската во АБА лигата во двете конкуренции

И регионалната АБА лига полека се приближува до самиот крај. Во прволигашката конкуренција се одиграа првите натпревар од полуфиналето. Екипите на Црвена Звезда и Будуќност поведоа со 1:0 во серијата подобар до две победи, во дуелите против Игокеа, односно Морнар. 
 
Следните натпревари во Александровац и Бар ќе се играат на 7 мај, додека евентуалните мајсторки во Белград и Подгорица се планирани за 11 мај. 
 
А, екипите на Студентски центар од Подгорица и Спарс од Сараево денеска го играат првиот натпревар од финалето во АБА 2 лигата. 
 
Победникот од овој двомеч (вториот натпревар ќе се игра 6 мај - четврток) ќе обезбеди пласман во првата АБА лига.