112 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 112 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, девет мерки за минување на возила на црвено светло, две за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за непрописно паркирање, две за нерегистрирани возила, 10 за користење на мобилен телефон, три за вградени нетестирани фолии(затемнети стакла), две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи