Македонија
16. May 2017 - 11:44

12. Меѓународен уличен фестивал „Баскерфест“ во Македонија

На 16 јуни на плоштад „Македонија“ во Скопје почнува 12. Меѓународен уличен фестивал- „Баскерфест“.

По предвидената десетдневна програма во Скопје, фестивалот ќе продолжи низ повеќе градови во државава.

Се очекуваат настапи и спектакли на над 50 артисти од различни земји, многу музички точки и баскер работилници, како и катче за најмладите, соопштуваат организаторите „Баскерфест Македонија“.