-->
-->
16 годишна скопјанка со автомобил удрила во пешак, канделабра и паркирани возила
-->

Вчера во 21,00 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило “фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А.К.(21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот, соопштија од МВР.
Во незгодата А.К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен.
По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16 годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
