-->
-->
17 годишна тинејџерка: Мајка ми ме продаде на 12 години на политичар
-->
Дара Кео и нејзината мајка Ротаба биле во солзи кога дошло време за разделба.
Дара плачела зошто била преплашена, а Ротана зошто го направила незамисливото, ја продала невиноста на својата ќерка на возрасен маж. Возачот кој ја земал Кео, ја однел во подземна медицинска клиника каде лекар ја проверил нејзината невиност и проверил дали има ХИВ. Корумпираниот доктор бил во договор со бандата која продава невини девојчиња. „Бев недопрена и потполно здрава, што потврди и лекарот“.
„Потоа ме одведоа кај мажот што ме купил. Морав да останам кај него една недела, додека тој ме силуваше повеќе пати, колку тој сакаше, без кондом“, разкажува денеска 17 годишната Кео.
Тајниот пазар со девици во Камбоџа е стален пораст и дава потполно руга слука отколку во преполните неонски барови каде станските туристи плаќаат за секс цена од 10 до 20 олари. Клиенти на пазарот со девици се луѓе на високи позиции во Владата, војската, полицијата, како и бројни членови на азијската елита на богаташи. Тие плаќаат од 500 до 1.000 долари за секс со девица.
Во Камбоџа, нација од 15 милиони жители, над 1.000 девојчиња својот прв секс го некој кој на нејзината сиромашна фамилија и платил, за тоа право богатство, од нивна перспектива. Злосторство е тоа што се случува, вели доктор Чив Кек Пунг, претседател водечкото Здружение за правата на луѓето во Камбоџа, Ликадо.
Во Азија старите сметаат дека сексот со девица ти дава посебни моќи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место