174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
Отпишани 174 ученици од кумановските и средните училишта соопштија од секторот за образование на општина Куманово. Најголем процент од отпишаните ученици се од поголемите, централни училишта од Куманово. Како главна причина се посочува иселувањето од Македонија.
„За жал, овој тренд не застанува и во споредба со минатата година како да бележиме благо зголемување на отписот на учениците до крајот на првото полугодие. Тоа е глобален проблем, особено на Балканот. Можеме да констатираме дека училишните клупи се празнат така што родителите заминуваат на привремена работа и потоа си ги повлекуваат и учениците ги отпишуваат и запишуваат во училиштата каде што ќе се преселат да живеат“, изјави раководителот на секторот за образование Александар Јовановиќ.
Минатата 2024-та во првото полугодие се отпишаа 131 ученик од вкупно 20 основни и средни училишта.
„Со години наназад една деценија веќе се соочуваме со проблемот, иако претходно беше проблем во вид на внатре-општинска миграција, од руралните средини кон централното подрачје, сега се соочуваме со друг проблем кој се повеќе зазема замав, миграција на населението од Македонија во западноевропските држави“, изјави Јовановиќ.
Ново на Сител
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит