-->
-->
18-годишна девојка облеана во крв донесена на Ургентен во Скопје
-->
Петнаесетина минути пред 23 часот, синоќа на улицата „Никола Вапцаров“ во Кочани, се случила сообраќајна незгода во која возило марка „БМВ“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Г.М. од селото Прибачево, штипско, удрило во потпорен ѕид. Во возилото имало уште четири лица, од кои три се здобиле со телесни повреди и биле задржани на набљудување во Здравствен дом Кочани.
Со повреди на главата со крварење од нос, уста и ушите се здобила сопатничката Г.Г. (18) од Кочани, која со Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Скопје, каде била задржана на понатамошно лекување.
Увид извршила увидна екипа од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст