Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
На социјалните мрежи попладнево беше објавена фотографија за која се тврди дека е од осомничениот за убиството на Фросина Кулакова од Неготино. Лицето на фотографијата кој држи телефон во рацете, а според објавата се наоѓа во дворот на истражниот затвор Скопје каде е на издржување мерка притвор.
Од управата на затворот за Сител велат дека во моментов во тек е истрага во одделението каде е приведениот осомничен за сообраќајката. Директорот Бобан Утковски потврди дека биле запленети неколку мобилни телефони, но не можат да потврдат дали некој од телефоните му припаќа на осомничениот за овој случај.
Директорот на управата за санкции потврди дека бил најден и одземен телефон кој го имал осомничениот. Пандов најави дисциплинска постапка откако ќе се утврди кој го обезбедил.
Во меѓувреме семејството на Фросина, преку социјалните мрежи од МВР побара одговор за овие информации. Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР - сектор за внатрешна контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот - монструм и да биде соодветно санкциониран.
- Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корумпцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно, напиша на социјалните мрежи сестрата на Фросина, Росица Кулакова.
-
Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар