18 годишник од Кондово вперил пластичен пиштол во слепоочница на полицаец
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривични дела – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, како и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
„На 18 мај, обвинетиот 18-годишник, на влезот на селото Кондово, за време на полицискиот час, ги нападнал и сериозно им се заканувал на полициските службеници кои се наоѓале на полицискиот пункт. Додека еден од полицајците стоел покрај службеното возило, обвинетиот му пришол од зад грб и со левата рака му направил полуга на вратот, а со десната на слепоочницата му вперил пластичен пиштол кој наликувал на вистинско оружје. Потоа, на другиот полициски службеник му се заканил да не мрда затоа што ќе пука во неговиот колега. На ова, вториот полициски службеник излегол од службеното возило и службениот пиштол го вперил кон обвинетиот, наредувајќи му да го пушти неговиот колега. Бидејќи обвинетиот не постапил по наредбата, туку започнал да се движи наназад, полицискиот службеник испукал еден предупредувачки куршум во воздух. Во тој момент обвинетиот го пуштил нападнатиот полицаец. Полициските службеници успеале да му го одземат пластичниот пиштол, но при обид да го совладаат, обвинетиот продолжил да дава активен отпор, удирајќи ги со боксови, при што им нанел телесни повреди – контузии и гребаници“, соопштија од ОЈО.
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
