ОН: 2023 година беше најсмртоносна за хуманитарците досега
Обединетите нации го осудија „неприфатливото“ ниво на насилство врз хуманитарните работници, кое стана вообичаено, при што рекорден број од 280 работници се убиени низ светот во 2023 година.
ОН предупредуваат дека војната меѓу Израел и Хамас во Газа може да предизвика уште поголем број на такви смртни случаи оваа година.
– Нормализацијата на насилството врз хуманитарните работници и недостигот на одговорност се неприфатливи, несовесни и исклучително штетни за хуманитарните операции насекаде, изјави Џојс Мсуја, вршителка на должноста директор на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА), на Светскиот ден на хуманоста.
„Со 280 убиени хуманитарни работници во 33 земји минатата година, 2023 е најсмртоносната година за глобалната хуманитарна заедница“, се вели во соопштението на ОЦХА.
ОН наведоа дека повеќе од половина од овие смртни случаи, или 163, се хуманитарни работници убиени во Газа во првите три месеци од војната меѓу Израел и Хамас, главно во воздушни напади.
И покрај „невидено големиот број“ на смртни случаи на хуманитарни работници во 2023 година, ОЦХА предупреди дека 2024 година „може да биде уште посмртоносна“.
Ново на Сител
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи