214 санкционирани возачи во Скопје: 66 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
