220 казнети мотоциклисти, 89 санкции за возење под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол, како и за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли, а во текот на вчерашниот ден (12.06) санкционирани се 89 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 220 возачи на мотоцикли кои не ги почитувале сообраќајните правила на територијата на целата држава, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Струга.
„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто“, рече Ангеловски.
Засилените акциски контроли, според Ангеловски, се насочени пред се кон санкционирање на прекршоците што, според анализите на МВР, се најчести причини за тешки сообраќајни незгоди, како што е возењето со поголема брзина од дозволената, возењето под дејство на алкохол и сл.
„Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај. Особено апелираме до возачите на мотоцикли да носат кацига, затоа што при евентуална незгода таа може да им го спаси животот. Оние пак мотоцикли на кои незаконски им се вградени делови за предизвикување на бучава, согласно последните законски измени, ќе бидат времено одземени од полицијата“, рече Ангеловски.
Ново на Сител
-
Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл
-
Рубио планира посета на Западен Балкан
-
Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото “порше” е службено
-
Стапија на сила основните царини од десет осто наметнати од Трамп
-
Извозот од земјава во јануари-февруари изнесува 75 650 милиони денари, што е пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период лани
-
Зголемени цените на угостителските услуги
-
САД го прекинаа емитувањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа
-
Димитриевски: Дијалогот во политиката е добредојден, но креатарот на проблемите не треба да биде и креатор на решенијата