Македонија
6. November 2020 - 9:38

230 санкционирани возачи во Скопје во текот на изминатото деноноќие

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 77 санкции за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.