24 години од загинувањето на војникот Блашко Толев на Тетовско кале, за време на војната во 2001 година

Дваесет и четири години од загинувањето на војникот Блашко Толев на Тетовско кале, за време на воениот конфликт во 2001 година, беа одбележани денеска во неговото родно село Марена, општина Кавадарци. Пред спомен бистата на Толев, бројни делегации положија цвеќе. Толев загинал на само неколку дена од завршувањето на својата редовна воена обврска.
Претседателот на месната заедница Марена, Митко Камчев рече дека споменот за младиот човек, спортист, ќе живее засекогаш.
Марија Михова, кустос историчар во Музеј галеријата во Кавадарци, потсети дека Толев бил роден на 30 март 1981 година. Како припадник на АРМ, на само дваесет години загина во воениот конфликт, од минофрлачка граната.
Постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија.
-Требало да ја продолжи семејната традиција и да се занимава со сточарство. Во последните две години од неговиот живот работеше во шумското во Битола. Во октомври 2000 година заминува од Тиквешијата за да го отслужи воениот рок во АРМ прво во Битола, а потоа во Штип. Со започнување на воениот конфликт во 2001 година, учествува во борбите во Тетовско и Кумановско. Откако замина во редовите на армијата, само еднаш дојде на два дена за Велигден. Редовно отсуство не користи, очекувајќи порано да го пуштат. Воениот рок му е отслужен, ден пред да дојде смената од нови војници, загинува на 01 јули 2001 година на Тетовското Кале од минофрлачка граната, потсети Михова.
Таа подвлече дека Блашко Толев е прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија, на само 20 години го жртвуваше својот живот за одбраната на Македонија.
Ново на Сител
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
-

Германија лани потрошила 198 милијарди евра за образование
-

Природниот гас меѓу потреба и ризик: Како новата инфраструктура ја менува енергетската слика на Македонија?
-

Почна гласањето за „Приказната за Силјан“: Филмот на Тамара Котевска во трка за престижно меѓународно признание
-

Кучето Ози – новиот светски рекордер со најдолг јазик
