Македонија
24. January 2025 - 15:42

24-годишник силувал малолетничка во Валандовско

На 23.01.2025 во 14 часот во радовишкото село Прналија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Е.(24) од село Прналија, кој се сомничи дека на 22.01.2025 во валандовско извршил обљуба врз малолетничка од валандовско село, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.