25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило

Дваесет и петгодишен жител на Македонски Брод возел под дејство на алкохол и удрил во паркирано патничко возило при што причинил материјална штета.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека тој е приведен ноќеска во 02:04 часот поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“.
Претходно, во 01:30 часот на улицата „Крушевска Република“ во Македонски Брод, со патничко возило „пежо“ со скопски таблички удрил во паркирано патничко возило „опел“ со скопски таблички, сопственост на М.Т.(28) од Скопје, при што причинил материјална штета, а повредени лица нема.
- По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
