3 нови хоспитализирани пациенти во Скопје
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 3 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 5 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти.
Вкупно 48 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори
-
Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум во САД
-
Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра
-
Најчестите причини за често будење навечер
-
Дедо Мразовци со суп даски во Солунскиот залив
-
Чести навики кај жената што вообичаено го нервираат мажот
-
Нова вакцина за ХИВ
-
ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено