31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот

Пред 31 година на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата Македонија пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.
Во автомобил „цитроен ами 8“ беа скриени 20 килограми експлозив, активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата, службеното возило на претседателот на улицата Македонија го забавило едно „фиќо“.
Во истрагата беа претресени 30.850 возила, прегледани повеќе од 15.000 објекти и легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 беа претресени. МВР изврши повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметаше дека се можни сторители на атентатот, но сите тие беа пуштени по испрашувањата.
Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
