31-годишна трудница од Гостивар меѓу починатите од коронавирус
31-годишната пациентка од Гостивар која почина на Инфективната клиника во Скопје како заразена од коронавирус е трудница која на 26-ти мај е потврдена како позитивна и била итно оперирана од гинеколози пред да биде сместена на Инфективна, пишува Телма.
Во гинеколошка итна операција на 26-ти мај, пациентката е оперирана и е изваден мртов плод. Таа била префрлена на инфективната клиника кадешто било надзор на гинеколози, трансфузиолози, епидемиолози и инфектолози.
-ДЗСИ секојдневно го следеше лекувањето на трудницата и од аспект на нашите овластувања нема никакви забелешки за лекарските интервенции односно на пациентката и се дадени сите терапии и соодветна нега, изјави др. Иринка Бухова Сотирова за Телма.
Пациентката од Гостивар е е втората бремена жена која по гинеколошка интервенција починала од последици на коронавирус. Претходно 26-годишна жена од Куманово после породувањето, почина на инфективна клиника во Скопје.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите