-->
-->
32-годишен спортист од Кавадарци позитивен на коронавирус
-->
Триесет и двегодишен спортист од Кавадарци е новиот случај позитивен на коронавирус, откриен при скрининг. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци, во изјава за МИА денеска нагласи дека се работи за спортист, кој тренира во спортски клуб во друга општина од Тиквешко и дека скринингот покажал оти сите други играчи се негативни на коронавирусот.
Младиот кавадарчанец бил со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се работи на утврдување на неговите контакти, со цел нивна изолација.
Од почетокот на пандемијата, во Кавадарци има 21 случај на коронавирус, а во Росоман еден. Во Неготино 11, а во Демир Капија 10.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости