Македонија
16. August 2023 - 14:06

38 годишен маж од струшко пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Триесет и осум годишен жител на струшкото село Луково бил пронајден мртов во близина на деловен објект во селото, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен вчера во 6 часот и 25 минути.

- Во близина на деловен објект во струшкото село Луково бил пронајден починат В.Ј.(38) од истото село. Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Струга, изјави портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.