Македонија
15. January 2021 - 9:40

381 санкција за неносење маска во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.01.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 381 прекршок. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.