Свет
18. February 2025 - 11:10

39-годишна Словенка со три деца во кола пробала да внесе 23 кг. кокаин и оружје во Србија

Цариниците на Службата за мобилни единици – Вуковар спречија шверц на 22,7 килограми кокаин и два пиштола на граничниот премин „Бајаково“.

Службениците при контрола на 15 февруари издвоиле лично возило со словенечки регистарски таблички управувано од словенечка државјанка, а со неа биле и три малолетни деца.

Со детален преглед се откриени специјално подготвени скривалишта каде се пронајдени два пиштоли „Глок“ и 22.724 килограми кокаин.

Понатамошна истрага презеле полициски службеници од надлежното полициско одделение и државното правобранителство.