48 лица заразени со коронавирус спречени да ја напуштат Македонија преку аеродромите
Одделението за разузнавање во склоп на Секторот за Контрола и истраги при Царинската управа на РС Македонија и во услови на пандемија продолжува со успешно реализирање на своите надлежности.
Во соработка со Царинските службеници од ЦИ Аеродром, ДСЗИ, Граничкната полиција и аеродромскиот оператор ТАВ, во периодот од мај 2021 до денес, има евидентирано и задржано 48 лица кои се обиделе да ја напуштат земјата преку Аеродром Скопје, а воедно се евидентирани на списокот на ДСЗИ како лица инфицирани со вирус Ковид 19 со активно решение за изолација.
Оваа проверка на патници пријавени за авионски сообраќај се врши по одлука на Владата на РС Македонија и продолжува да се врши на двата аеродроми во Скопје и Охрид по пат на вкрстување на листите на патници со списокот на ДСЗИ на кои им е издадено решение за изолација поради инфекција со вирусот Ковид 19. За оваа цел се користи системот РАВИО кој автоматски ги селектира и идентификува овие лица. По идентификација на лицата, истите се предаваат на безбедносните служби на Аеродромите кои постапуваат понатаму според нивните овластувања.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Вања е киднапирана и убиена, тврдел таткото
-
Голема полициска акција во струмичко
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
По Берлин Мицкоски поголем оптимист за ЕУ интеграцијата, има дилема дали да испраќа писмо во Брисел
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
ДКСК бара комплетно нов или ревидирање на постојниот Изборен законик
-
Филков: Пензија на 67 години за судиите и обвинителите за поефикасно судство