Македонија
9. September 2020 - 10:41

61-годишен пешак почина по удар од автомобил во тетовско

Вчера околу 21 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово - с.Теново, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(60) од с.Милетино удрило во Г.М.(61) од с.Радиовце, соопштуваат од МВР.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје, каде им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид  на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.